Нов натпревар на Европските првенства ќе играат македонските ракометари воедно попладнево против Португалија „ќе ја бркаат“ десетата победа на шампионатите. Со евентуален триумф шансите за пласман во следната рунда ќе бидат поголеми, но ќе мора да се совлада во последното коло од групата и селекцијата на Романија. Македонските ракометари во текот на вчерашниот ден немаа тренинг за „свежи“ да го дочекаат натпреварот.
– Натпреварот со Данска е веќе минато за нас и се подготвуваме за дуелот со Португалија, нашиот најважен натпревар на Европското првенство. Имавме некои проблеми во нападот на првиот натпревар, кои треба да се коригираат и верувам дека тоа ќе го направиме. Ние сме подготвени да ги израдуваме македонските навивачи и јавноста, изјави десното крило Никола Костески.
Дуелот на македонските и португалските ракометари се игра во Хернинг со почеток во 18 часот.







Comments are closed for this post.