Антонела Рокуцо и Лионел Меси се сметаат за еден од најхармоничните парови во светот. Тие се во брак од 2017 година, но пред тоа беа во долгогодишна врска. Двојката има три сина, Тијаго, Матео и Чир.

Но, познато е дека убавата сопруга на Мси сакала друг пред него.

Instagram

Лионел Меси и Антонела Рокуцо се запознале преку нејзиниот брат кога биле сè уште деца, т.е. кога имале пет или шест години. Како што подоцна признал фудбалерот, тој се дружел со нејзиниот брат за да може да ја види. Таа му пишувала писма и сè било толку слатко, но животот ги разделил кога целото семејство на Меси се преселило во Барселона за неговата фудбалска кариера.

„Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години и иднината на сите зависи од вас. Беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да дојдете и да играте во Барселона. Од друга страна, беше тешко да се остави сè зад себе: пријателите, остатокот од семејството, детството.“ „Пристигнавме во земја каде што немав ништо. Почнав практично од нула“, рече Меси .

И тој и Антонела продолжиле со своите животи. Лионел изгради фудбалска кариера, а Антонела се посвети на образованието. Се запиша на стоматологија и влезе во емотивна врска со друг маж, но судбината се испречи и ги спои поради трагичен настан.

Имено, најдобрата пријателка на Антонела почина во 2005 година. Поради таа трагедија, таа падна во депресија, престана да оди на универзитет, поради што Меси се врати во Аргентина за да ја издржува. Во меѓувреме, таа го напушти своето момче, се заљуби во него, а останатото е историја.

– Ме остави мене, но барем не ме остави за никого, туку за Меси .

Двојката долго време ја криеше својата врска, само за да им открие на сите во 2009 година дека се заљубени. Двојката се венча во 2017 година, но првиот син се роди пет години порано, вториот во 2015 година, а третиот една година по свадбата.