Роџер Федерер ќе мора да почека до 2019 година за уште една шанса до постигнување 100 освени титули во кариерата откако попладнево беше поразен од Александар Зверев на АТП финалето во Лондон.

Зверев (21) така стана најмладиот финалист на завршниот мастерс на кој утре ќе го игра своето прво финале. Денес во О2 арената во Лондон во два сета беше подобар од Федерер – 7-5 и 7-6 (7-5). Тој ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ или со Кевин Андерсон кои вечерва од 21 часот го играат второто полуфинале.

Зверев, инаку, предизвика негодување од публиката на крајот на мечот кога, според правилата, спречи поен во тај-брејкот во моменти кога момчето што подава топки испушти топка.

„Му се извинив ва Роџер на мрежата, тој рече дека се е ОК и оти е според правилата“, рече во моментов петтиот играч на светот.

„Се извинувам, но ова се случува. Не сакав никого да изнервирам“, заврши Зверев.”