Ова видео дава најдобар приказ на тоа во какви услови се игра првенството на Косово.
На натпреварот одигран во Вучитрн со гостинската екипа на Малишева видовме дивјаштвото на навивачите и веење на знамињата на УЧК.
Хаосот настана при резултат 3:0 на крајот од натпреварот, кога судијата досуди пенал за домаќинот, а тој требаше да биде реализиран на голот зад гостинските навивачи. Гостите од Ораховац се налутија иако одлуката е донесена по ВАР технологијата.
Дадоа се од себе за да им дозволат на домашните играчи да изведат пенал. Успеаја да стигнат до мрежата на голот и да ја скинат!
Comments are closed for this post.