Во обидот да се влезе секаде каде што е возможно власта на Зоран Заев фрли око и на спортските федарации. И тоа не во сите туку во оние каде има пари и успеси, а со тоа и влијанието на луѓето блиски до Заев би било поголемо.
Првиот чекор беше направен со поставувањето на Наумче Мојсоски на чело на Агенцијата на млади и спорт а вториот со носењето на Даниел Димевски за претседател на Македонскиот олимписки комитет.
Димевски е контроверзен спортски работник со кривични пријави за криминал додека бил советник на Заев што му беше и препорака да дојде на чело на МОК.
Заев преку своите луѓе најпрво се обиде да влезе во Фдбалската федерација на Македонија и со смена на претседателот Сејдини да го сменат и името на Федерацијата во „Северна“ што беше и главната цел.
Втората причина зошто Заев и луѓето околу него сакаат да влезат во ФФМ и големите пари кои ги имаа оваа федерација, особено по пласманот на Европското првенство. Македонија и покрај дебаклот на последното Светско првенство.
Но, Заев ќе има тешка задача во ракометот ако се знае дека кандидатат за повторен избор за претседател на РФМ е Живко Мукаетов.
Тој е еден од нашите најуспешни бизнисмени а неговата компанија е еден од главните помагатели и спонзори на Ракометната федерација и на репрезентацијата.
Собранието за избор на претседател на РФМ е викендов а луѓето на Заев веќе наголемо агитираат Мукаетов да биде сменет и на негово место да биде донесен „нивен“ човек.
Comments are closed for this post.