Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од претстојниот Мастерс во Индијан Велс, бидејќи поради строгите мерки кои се уште се на сила, му беше забранет влез во САД.
Соединетите Американски Држави сè уште не дозволуваат влез во земјата на странци кои не биле вакцинирани против корона. Новак поднесе барање за ослободување, но тоа беше одбиено, па мораше да се повлече од Индијан Велс.
Таквата одлука предизвика голема бура „преку барата“. Американската туристичка организација U.S. Травел се огласи со остро соопштение во кое ги критикува властите за ваквата одлука.
„Тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ се повлече од претстојниот турнир во САД. Тој е еден од милионите луѓе кои не можат да ги посетат САД поради застарените политики кои продолжуваат да му штетат на нашиот економски раст. Застарената политика на Америка за вакцини е неизнудена грешка што чини 80 милијарди долари за Америка“,
Comments are closed for this post.