Мирлинд Даку, играчот кој е главна тема на македонските медиуми е роден на Косово во градот Гнилање на Косово. Тој од тимот на Осијек во Хрватска направил трансфер во Русија во тимот на Рубин Казан.

Интересно е дека најпрво настапувал за репрезентацијата на Косово и откако направил пауза од две години започнал да настапува за репрезентацијата на Албанија.

За пцуењето на Македонците на мечот со Хрватска шпанскиот весник „Ас“ тврди дека ќе биде суспендиран на неколку меча и оти за него првенството е завршено.