Еден натпревар – 1.500.000 евра. За еден час на теренот двајцата тениски асови инкасираа по еден и пол милион евра. Зарем тоа не е премногу?
. Дрската понуда, се чини, не можеа да ја одбијат шест тениски асови.
Тие се договорија да дојдат во Ријад и да одиграат еден или два натпревари за сума од 1.500.000 евра. Па, така бевме сведоци дека Медведев и Руне ги заработија парите за нешто повеќе од еден час колку што беа на теренот на егзибициските натпревари.
Турнирот „Six Kings Slam“ претставува спротивност од желбата на многумина во тенискиот свет за порамномерно распределување на парите. Тоа е еден од лидерите и организациите на ПТПА, во која активна улога има Новак Ѓоковиќ
Од тенис можат да „живеат“ само оние од светскиот врв, а за остатокот од караванот тоа е обичен опстанок… Ако продолжи оваа ненормална исплата само на најдобрите – ќе останат тенисерите кои не се во топ 50, како тие се сега, на маргините.
Поради сето тоа што се случи во Ријад, добро би било во иднина да слушаме помалку морализирање од најдобрите тенисери на планетата. Секако, освен ако не решат дел од оваа заработка да ја проследат на адресите на оние кои не се дел од светската тениска елита.
Ријад и слични турнири дополнително создаваат празнина во тенисот и се оддалечуваат од идејата дека тенисот „има простор“ (читај: пари) за оние кои не се во топ 20 или 50.
Comments are closed for this post.