Новак Ѓоковиќ е познат како човек кој внимава на исхранат и има строг режим. Некои од неговите намирници првпат ги слушаме па еве е некои совети лично од Ноле.

Зголемете го внесот на витамин Ц и цинк. Се препорачува од 5 до 7 грама на ден витамин Ц, а можеби и до 10. Ако најдете течен цинк, подобро е отколку во друга форма. Во случај да не најдете течен цинк, добро е да земате 3 до 4 пати поголема доза во таблетите од вообичаените препорачани дози.

Секое утро на празен стомак пијте топла вода со лимон и малку морска сол (по желба додадете ѓумбир и листови свежо нане). Пијте топла вода со лимон уште неколку пати во текот на денот. Се препорачува на празен стомак.

Пијте што повеќе зелени сокови и шејкови со зелен лиснат зеленчук (магдонос, спанаќ, кељ…). Зелениот лиснат зеленчук создава алкална основа во телото, која ги уништува патогените и вирусите кои преживуваат во кисела средина.

Киселата средина е предизвикана од нездрава брза храна, стрес, грижи, лутина, пијалоци со многу рафиниран шеќер, млечни производи итн.

Се препорачува да се консумира мал дел од чешниња лук во лажичка мед со цимет. Исто така, масло од диво оригано, ѓумбир, кајен пипер (вид лута пиперка).

Водата од колоидно сребро е исклучително ефикасна за имунитетот и борбата против токсините кои ги имаме во организмот.
Различни видови чаеви и свежи билки се секогаш добредојдени. Особено чајот Ртањски и чајот од хибискус.

Поминете малку време на свеж воздух во природна средина (паркови, шуми, езера, реки, море, плажа, планини, ридови…) која не лекува и нè исполнува со оргон, животна енергија која е клучна за живеење во изобилство здравје и благосостојба на душата, умот и телата.

Правете вежби за свесно дишење бидејќи на тој начин воспоставувате емоционална и ментална хармонија и мир кој ви овозможува полесно да се справите со грижите, стравовите и неизвесностите. Исто така, ги балансира вашите метаболички процеси, кои се клучни за оптимално здравје.

Колку повеќе се смеете, уживајте во музиката што ве исполнува и ве прави среќни. Да бидете опкружени со драги луѓе со кои чувствувате големо присуство на љубов, просперитет и радост.