Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, посакува со трофејот од Суперкупот да ја почне новата сезона.

Вардарци утре во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се соочат со Еурофарм Пелистер во Суперкупот.

– Наша обврска е против Еурофарм Пелистер да одиграме добар натпревар и по можност да го освоиме Суперкупот. Сакам моето враќање во Вардар да почне со триумф, иако нема да бидеме комплетни. Го респектираме Еурофарм и сигурен сум дека ќе биде еден европски натпревар. Според мене шансите во Суперкупот се 50:50. Во секој случај, ова ќе биде добра можност да видам во каква форма се моите играчи што ќе ги имам на располагање. Не сум оптоварен со резултатот, но би сакал да ја освојам првата титула оваа сезона во Македонија, изјави Вујовиќ.

Досега се одиграни три Суперкупа и сите титули ги освоија ракометарите на Вардар. Лани поради пандемијата Суперкупот на се одигра