Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство (ЕП) во во Словенија, откако со 3-0 (25-20, 25-23, 25-13) сетови загуби од Турција.
Неискуството на нашиот тим повторно си го кажа својот збор, но недостасуваше и борбеноста која ја видовме вчера против тимот на Финска.
Турција лесно дојде до триумф над македонската селекција, откако играше далеку подобро во нападот, подобри беа при контрите и играа подобро на блок.
Следниот меч за нашата селекција ќе биде утре, сабота од 17:30 часот, кога се среќаваме со фаворитот во групата Русија
Comments are closed for this post.