Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на ВТА ранг-листата за 43 места. Таа сега со 295 поени се наоѓа на 239.то место. Македонската тенисерка изминативе недели настапува во добра форма и на последните три турнири играше финале, а го освои турнирот во саботата во Романија.
Втората македонската тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.424.то место односно има напредок од две позиции.
На врвот на ВТА ранг-листата нема поголеми промени. Победничката на УС опен Арина Сабаленка остана на првото место, пред Ига Швјонтек и Коко Гоф. Едно место скок има финалистката од Њујорк, Аманда Анисимова, додека Мира Андреева остана на петтото место, пред Медисон Кејс, додека ланската финалистка Џесика Пегула има пад за три позиции
Comments are closed for this post.