Миодраг Јешиќ, поранешен познат фудбалер и тренер на Партизан, кој утрово загина во страшна сообраќајна несреќа на патот Рума-Јарак возел со несоодветна брзина, а се сомнева дека дури и заспал зад воланот.

– Се сомневаме дека до несреќата дошло наводно затоа што Јешиќ заспал зад воланот на цитроенот. Бидејќи веројатно возел побрзо, веќе било доцна да застане и полета директно под камионот – вели српските медиуми.

Возачот на камионот тргнал по сопствената лента и во еден момент го забележал возилото како искривува на автопатот. Камионџијата наводно се обидел да го избегне возилото, но не успеал и „цитроенот“ во кој се наоѓал Јешиќ директно се забил во него.