Албанскиот фудбалер Амир Адеми загина во страотна сообраќајна несреќа во Германија. 22 годишниот Адеми кој настапува за тимот на Регензбург настрада на автопатот меѓу Абензберг и Арнхофер во директен судир меѓу „пежо“ и „пасат“.

Од силниот удар „пасатот’ во кој бил фудалерот се запалил. Тој беше еден од најнадежните албански фудбалери и очекуваше повик за репрезентацијата.