Капитенот на Манчестер Сити, Вансан Компани, направи смело предвидување за остатокот од сезоната. Тој е на мислење дека единствениот конкурент на „граѓаните” за титулата, Ливерпул ќе ги освои осумте преостанати дуели до крајот на кампањата.

Но дури и тоа навистина да се случи, Ливерпул треба да чекаат шампионите да направат погрешен чекор, за да ги сменат од врвот и да триумфираат со првата титула во Англија по 29 години. Затоа белгискиот репрезентативец ги повика неговите соиграчи да останат фокусирани.

– На врвот сме во средината на март и тоа е одлично и нешто за што се надевавме дека може да се случи. Но не си правиме илузии и знаеме дека Ливерпул ќе победи на сите натпревари до крајот на сезоната. Свесни сме колку е тешка нашата задача од овој момент натаму. Ни претстојат само тешки натпревари, секој ривал ќе биде многу тежок, но ние сме спокојни и не сме изгубиле верба во своите квалитети. Знаеме што ни претстои и подготвени сме, изјави Компанија.

„Граѓаните” се на врвот на табелата во Премиер лигата со бод предност пред „црвените”, а до крајот треба да се одиграат уште 8 кола