Трагични вести пристигнуваат од руската престолнина.Ноќта помеѓу 23 и 24 април, рускиот хокеар Роман Дидур е убиен на улицата Николајамскаја во Москва.

Дидур бил во кафуле каде што настанала расправија, а по излегувањето од зградата бил нападнат од 37-годишен маж кој го прободел во градите, а 22-годишниот спортист починал пред да пристигне брзата помош.

Според полицискиот извештај, убиецот набрзо бил уапсен, а се работи за 37-годишниот Арман Кујумџија.

Последниот клуб за кој играше Дидур беше тимот на РГУНГ Москва.