Семејството на легендарниот Синиша Михајловиќ пристигна во Србија, а неговата ќерка Вирџинија сподели трогателна фотографија.

Вирџинија ја држи својата ќерка Виоланте во раце, облечена во дресот на српската репрезентација со број 11, бројот што нејзиниот дедо Синиша гордо го носеше.

Foto: PrintscreenInstagram/virgimih

Пред нив – импозантен мурал на познатиот тренер и фудбалска легенда, кој го краси еден ѕид во Нови Сад.

„За мене, ти си вечност“ – напиша Вирџинија.