Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше информациите дека имал афера со Ана Рајковиќ, сопругата на резервниот голман на репрезентацијата Предраг Рајковиќ.
Српските медиуми пишуваа дека токму поради романсата напаѓачот не влегол во стартниот состав на репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година.
– Жалам што морав вака да ја започнам прес-конференцијата на Светското првенство, но морам да дадам изјава бидејќи моето име е фрлено во апсурдна приказна. Очигледно некому му е здодевно или нема што да прави, но ваквите гласини функционираат спротивно на интересите на репрезентацијата во толку важен момент. Наместо да не поддржат, тие шират такви невистини. Тоа го прават луѓе кои не постигнале ништо во животот. Фокусирани сме на петочниот натпревар против Швајцарците, изјави Влаховиќ.
Репрезентацијата на Србија игра во групата Г со Швајцарија, Камерун и Бразил. По две кола Србите имаат само еден бод и неопходна им е победа над Швајцарија за пласман во осминафиналето.
Натпреварот Србија – Швајцарија на распоредот е утревечер од 20 часот.
Comments are closed for this post.