Вчерашниот натпревар помеѓу Бугарија и Англија може да прерасне во сериозен скандал откако бугарските навивачи на трибините на стадионот „Васил Левски“ покажуваа нацистички поздрав.

Англичаните се бесни а се замеша и државниот врв на Бугарија. Премиерот Бојко Борисов најави прекин на односите со фудбалската федерација, а министерот за спорт побара оставка од претседателот на федерацијата Михајлов.

Властите сметаат дека се остава грда слика со недоличното однесување на поединци.

Фудбаерот пак на гостите Стерлинг пак вели дека е разочаран од она што го видел од Софија.

  • Сочувствувам со Бугарија што беше претставувана од вакви идиоти на стадионот, напиша Стерлинг на Твитер.

Во секој случај, 6:0 и летаме дома. Ние ја завршивме нашата работа. Добар пат за нашите навивачи, тие беа добри, додаде Стерлинг.

Средбата во Софија, беше прекинувана двапати, а навивачите замолени да прекинат со расистичките навреди.