Навивачите на АЕК од Атина неодамна непријатно ги изненадија сите во Србија.На натпреварот против Ајакс, грчките навивачи покажаа транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“.


По инцидентот, атинскиот клуб излезе со соопштение, а со дополнителна истрага е откриено кои биле учесниците во овој скандал!

Имено, навивачите беа снимени и идентификувани преку камерите на „ОПАП Арена“, а сега ги чека драконска казна, пишува „Газета“.

Клубот донесе одлука на двајца навивачи доживотно да им забрани влез на стадионот „ОПАП Арена“.