Англиските медиуми креваат паника пред мечот со Србија на стартот од натпреварувањето во групата Ц (недела, 21.00 часот) на Европското првенство во Германија.
Дејли Мејл објави напис под наслов „Српската армија насилници од про-Путин ултраси ќе дојдат во Гелзенкирхен.
Германската полиција нема точни информации и конкретни разузнавачки податоци, но веруваат дека ќе пристигнат 400 до 500 српски хулигани, желни за насилство.
Навивачите на стадионот на Шалке ќе смеат да купат два алкохолни пијалаци за време на натпреварот, но нема да смеат да ги пијат на трибините. Оние кои ќе престојуваат надвор од стадионот ќе бидат охрабрени со бесплатен превоз да се преселат во контролираната фан зона наместо на местата во центарот на градот.
Comments are closed for this post.