Ветераните на Вардар и Црвена звезда утре од 13 часот ќе одиграат ревијален фудбалски натревар. На прес конференцијата по повод мечот организатортот Трифун Костовски рече дека ветераните на двата клуба се уште не заборавиле да играат фубал и дека љубителите ќе можат во живо да ги видат Дуле Савиќ, Шестиќ, Дарко Панчев и многу други.
Панчев ќе игра по едно полувреме за двата тима, а за Вардар ќе настапат Илија Најдоски, Митко Стојковски, Тони Мицески, Драган Канатлароски и др.
Натпреварот ќе се одигра од 13 часот на помошното игралиште на Работнички.
Comments are closed for this post.