Ентони Дејвис оствари рекордни сезонава 20 скокови, на кои придодаде 25 поени и шест асистенции, со што ги предводеше Њу Орлеанс пеликанс до триумф на гости кај Торонто од 126-100.

Во оваа победа против екипата со најдобар скор во НБА лигата, Дејвис имаше огромна помош од Е’Туан Мур кој погоди 13 0д 18 шутеви за 30 поени, Џру Холидеј со даб-дабл учинокот од 29 поени и 14 асистенции и Џулиус Рендл, кој исто така оствари дабл-дабл од 17 поени и 12 скоокови.

Кај Торонто, за кого ова беше втор пораз во 14 одиграни средби, шест кошаркари имаа двоцифрен број постигнати поени, а најефикасни беа Паскал Сиакам со 22 и Кавај Леонард со 20 поени, додека Серж Ибака мечот го заврши со 19 поени и 14 скокови.

И покрај поразот, Торонто остана најуспешна екипа во досегашниот тек од сезоната.

Резултати од синоќешните натпревари

Торонто – Њу Орлеанс  110-126

Мајами – Филаделфија  114-124

Минесота – Бруклин  120-113

Оклахома сити – Феникс  118-101

Сакраменто – Сан Антонио  104-99

ЛА Клиперс – Голден Стејт  121-116 (прод.)

Чикаго – Далас  98-103

Мемфис – Јута  88-96

Вашингтон – Орландо  117-109