Марко Верати побара од италијанските навивачи да не ги навредуваат играчите на репрезентацијата. Избраниците на Роберто Манчини пред два дена загубија од Македонија со 0:1 во баражот за СП 2022 година.
– Кога победувате, лесно е да се заблагодарите на сите. Денеска сакам да го направам ова по поразот кој ни ја одзеде шансата да играме на најсветлиот и најатрактивниот турнир, не само за играчите, туку уште повеќе за навивачите на италијанската репрезентација од целиот свет. Сакам да им се заблагодарам на целиот персонал, на играчите и на сите оние кои работат со ентузијазам и страст за репрезентацијата. За жал, во фудбалот и животот не се остваруваат сите очекувања, цели и соништа. Мислам дека навредите не се најдобриот начин да се справиме со ова, бидејќи секој од нас даде сé од себе, но за жал тоа не беше доволно. Како прво, не ги допирајте младите играчи, ако веќе сакате да не навредите нас, „старите“, но заборавате дека ние сме луѓе како вас, обични луѓе, а можеме да доживееме неверојатни емоции дури и во мали нешта, напиша играчот од средниот ред на репрезентацијата на Италија на Инстаграм.
Италија втор пат по ред ќе го пропуштат Светското првенство
Comments are closed for this post.