Иднината на Џенаро Гатузо во Милано ќе биде решена по следните два натпревари, објавија италијанските медиуми.

Популарниот Рино мора да извлече максимум од средбите против тимовите на СПАЛ и Фросиноне.

Вчера, „росонерите’ доживеаја пораз со 0:1 дома од Фиорентина.

Во следните две натпревари, „црвено-црните” мора да запишат победи, но и да покажат добра игра.

Фаворит за заменик на стратегот е Арсен Венгер.