Вељко Ражнаровиќ реди победи во рингот. Тој вчера имаше двобој со Исос Мондо и убедливо тиумфираше на поени. Мечот лесно можеше да заврши и со нокаут а победата има поголемо значење ако за се знае дека Французинот има 39 години.

Новата победа на Вељко ја следеа 5.000 навивачи во Јагодина, а во првите редовите беа неговата вереница Богдана и министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој е добар пријател со неговата мајка Цеца.Таа пак не можеше да дојде поради тоа што имаше закажан концерт.

Raznatovic – Mondo 6. RUNDA from Andrej Kosic on Vimeo.