Ватерполистите на Црвена Ѕвезда се нападнати денеска во Спит откако со тренерки на кои имало обележја на клубот прошетале низ овој хрватски град. Околу 13:30 на сплитската рива ги пресретнале пет млади момчиња и ги нападнале. Двајца ватерполиисти избегале, а еден откако бил удрен сам скокнал во морето. пишуваат хрватските медиуми.
Добивме дојава за случајот, но по излегувањето на местото на настанот не ги затекнавме напаѓачите. Момчето кое скокна во морето го превезовме до хотелот за да се преслече и во тек е разговор со него по кој ќе ги утврдиме детаљите, велат од сплитската полиција.
Ватерполистот одбил медицинска помош. Инаку Црвена Ѕвезда денеска гостува кај Морнар од Сплит.
Comments are closed for this post.