Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ја коментираше победата над Фулам во натпреварот од 26. коло од првенството на Англија.

Французинот беше двоен стрелец во триумфот со 3:0.

„Среќен сум што постигнавме толку многу под раководство на Солскјер. Знаеме дека се уште не чека долг пат, но сакаме да останеме на ова ниво. Бевме далеку, но сега сме во Топ 4. Но, има многу тешкотии пред нас, доаѓаат сериозни натпревари. Топ клубовите сакаат да ги задржат своите позиции“, изјави Погба.

Амбициите секогаш се големи, но уште поважно е да се победи. Кога ќе постигнете гол и не победите, тогаш сосема е друго чувство. Само се обидувам да ја донесам топката до целта, додаде Погба.

Манчестер јунајтед по денешниот триумф се проби на 4.место и е во очекување на резултатот на Челзи кој утре играат на гости со шампионот во Премиер лигата Манчестер сити.