Членот на руската ракометна репрезентација Сергеј Горпишин го напушти германскиот Ерланген и се пресели во македонскиот првак Вардар, објавено е на официјалната веб-страница на Руската ракометна федерација (ФГР).
Горпишин ќе игра за Вардар следните две сезони.
По Светското првенство добив понуда од Вардар. Можам искрено да признам дека не го очекував ова, не бев спремен за таков пресврт на настаните. Благодарен сум што таков голем клуб ми обрна внимание. Кога дознав дека Вардар ме бара доживеав само радосни емоции. Да се игра за Вардар е шанса која не се пропушта. Слушнав многу добри работи за тимот, играчите. Се разбира, целиот свој живот го поминав во Германија, тука почнав да се развивам како ракометар. Но, кога ќе ве покани таков голем клуб, неодамнешен победник на Лигата на шампионите, треба да вложите максимални напори да ја искористите шансата, изјави Горпишин.
Тој претпоставувам дека ќе биде тешко, но верува дека со напорна работа ќе се наметне на стручниот штаб.
Comments are closed for this post.