Македонскиот ракометен шампион Вардар ја доби шпанска Барселона во полуфиналето на Фајнл фот турнирот во Келн. Втората полуфинална двојка е Веспрем – Келце. Така сакаше ждрепката која се случи денеска.
Сите четири екипи на Ф4 трунирот се од Групата „А“.
Полуфиналето се игра на 1 јуни, финалето и мечот за трето место се играа ден подоцна.
Барселона и Вардар на 1 јуни (сабота) ќе играат во ударниот термин од 18:00 часот во „Ланкесес Арената“. Претходно од 15:15 часот силите ќе ги измерат Веспрем – Кјелце.
На 2 јуни (недела) од 15:15 ќе се игра мечот за трето место, а финалето е од 18:00 часот.
Comments are closed for this post.