Шкендија е новиот лидер на табелата во првата фудбалска лига.Таа го искористи киксот на Вардар против Беласица на домашен терен. Вардар одигра само 1:1, а Шкендија го совлада Шкупи со 3:0.
Сега тимот од Тетово има подобра гол разлика иако заедно со Вардар имаат по 28 бодови.
Во другите натпревари Академија Пандев го совлада Работнички со 2:1, Победа – Силекс 2:0 и Македонија Ѓорче Петров – Ренова 1:2.
Comments are closed for this post.