Дилијан Вајт (25-1-0; 18КО) го победи Дерек Чисора (29-9-0; 21КО) во 11-тата рунда од битката помеѓу двајцата во тешка категорија, на главниот настан на боксерската гала вечер во „О2 Арена” во Лондон.

Популарниот Делбој беше испратен на земја по моќно лево кроше во претпоследната рунда. Чисора не успеа да се исправи на нозе повеќе од минута, откако беше пратен на земјата, но за среќа немаше посериозни последици по него. На тој начин, Вајт победи по втор пат против овој ривал, откако го совлада пред две години на поени.

До 11-тата рунда, борбата беше многу рамноправна, а Чисора дури имаше предност според двајца судии (95:94, 95:94, 94:95) и тоа под услов дека беше казнет со два поени од судијата во рингот – еден за удар под појасот и еден за удар со лакт.

Денешниот победник најверојатно ќе се соочи со Ентони Џошуа по околу четири месеци на „Вембли”. Освен тоа, Дилијан за заштити Сребрената титула на Светскиот боксерски совет, како и Меѓународната титула на Светската боксерска организација, за кои се бореа во вчерашниот судир