акедонската кошаркарска репрезентација утре со почеток во 20 часот во спортската сала во Куманово ќе ги почне претквалификациите против репрезентацијата на Романија. Селекторот Марјан Илиевски на денешната прес конференција најави максимално залагањe, борбеност и пожртвуваност на неговите избраници во обид да се оствари позитивен резултат, истакнувајќи дека репрезентација на своја страна ја има енергијата и желбата за победа.
– За краток временски период се повторувам со истиот мој заклучок, а тоа е дека во многу краток временски период има промени, репрезетанцијата е драстично промената, кратко време сме заедно, за се она што значи очекувања. Можам да го истакнам задоволството од пристапот на тренажниот процес со вклучените играчи. Сликата која ја имавме од двата пријателски натпревари со Швајцарија е позитивна, не смееме да се потпреме на неа и јас инсистирам да бидеме приземни, не смееме да гледаме еуфорично. Играчите со гордост ќе носат дресот и она што го прикажуваат е сосема нова енергија и пред јавноста и полната сала ќе го дадат својот максимум, изјави селекторот Илиевски.
Репрезентативците Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли истакнаа дека Романија воопшто не е лесен противник, додавајќи дека македонската репрезентација е млада, желна за докажување и за победа, нагласувајќи дека недостатокот на искуството ќе го надополнат токму со енергичноста и ја повикаа публиката да ги бодри. Двајцата, како поискусни кажаа дека тимот максимално ќе се ангажира за утрешниот натпревар.
Потпретседател на македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски на денешната прес-конференција истакна дека ова е ново поглавје во македонската кошарка, репрезентацијата е подмладена.
– Селекторот и момците ја имаат нашата целосната поддршка, се надевам дека им обезбедивме добри услови за подготовката. Натпреварот ќе биде празник на кошарката, очекувам полна сала, драго ми е што се поклопува со реконструираната спортска сала во Куманово. Утре ќе имаме појасна слика. Тука се сите да го дадеме својот максимум, изјави Ѓуроски.
Од општина Куманово, претходно информираа дека билетите се бесплатни и ќе можат да ги подигнат на билетарницата на западен влез во спортската сала со лична карта, од денеска во 17.00 часот. Подигањето на билетите ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, при што едно лице може да подигне еден билет
Comments are closed for this post.