Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави извештај во кој се објаснуваат одлуките на системот ВАР на натпреварите од осминафиналето од Лигата на шампионите.
За дуелот што предизвика најмногу реакции, меѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед, во кој беше досуден пенал за Англичаните во судиското надополнување, по кој Манчестер се пласира понатаму, од УЕФА велат дека раката на Преснел Кимпембе не се наоѓала во природна положба, како што реагираа од париската екипа.
Растојанието што топката го помина не беше мало, поради што допирот со неа не може да се каже дека е неочекуван и неизбежен. Исто така, раката на фудбалерот не беше залепена за телото, со што се зголеми обемот на телот на играчот и недозволено го попречи движењето на топката“ – наведуваат од УЕФА.
Што се однесува до натпреварот Порто – Рома, во кој имаше пенал за Португалците во 117 минута од продолженијата, со кој Порто се пласира во четврт-финалето, од УЕФА објаснуваат дека од ВАР собата се консултирале со главниот судија дали забележал дека имало влечење во шеснаесетникот.
Откако се утврди дека нема офсајд на средината од теренот, од ВАР собата го консултираа судијата дали забележал дека има влечење во шеснаесетникот. Поради тоа што судијата не беше свесен за такво нешто, тој ја погледна снимката од акцијата. Заклучокот од повторенаа снимка беше дека треба да се досуди пенал за повлекување – велат од УЕФА.
На крај, за натпреварот межу Реал Мадрид и Ајакс, кога на третиот гол на Холанѓаните претходеше акција во која остана спорно дали топката излезе во аут, од УЕФА велат дека снимките не можат категорично да потврдат дека топката во целиот обем го напуштила теренот.
Акцијата беше детално рагледана од сите агли и притоа немаше ниту една снимка која недвосмислено потврдува дека топката целосно излезе од теренот. Помошниот судија, кој беше одлично поставен досуди дека топката не излегла од теренот и поради тоа главниот судија беше во право кога одлучи да не реагира и да го признае голот – објаснуваат од УЕФА.
Comments are closed for this post.