Министерот за спорт на Турција, Мухарем Касапоглу изрази разочарување дека земјата не ја добила организацијата на Европското првенство, но истакна дека „загубата не е за нашата земја, туку за ЕП 2024“.
Извршниот комитет на УЕФА одлучи домаќин на шампионатот по шест години да биде Германија, откако трикратниот европски шампиони доби 12 гласа наспроти само 4 за Турција.
– Јасно е дека од организациска гледна точка нашите стандарди и квалитети се на високо ниво. Квалитетот и новините на нашите стадиони се очигледни. Во таа смисла, ние не изгубивме ништо како земја, ЕП 2024 загуби од гледна точка на искуство и гостопримство, изјави Касапоглу.
Инаку, минатата недела УЕФА изрази загриженост поради непочитувањето на човековите права во Турција. Дополнителен проблем за Турција се и законските ограничувања за рекламирање на алкохолни производи што ја доведува УЕФА во конфликт со спонзорите.
Comments are closed for this post.