Ракометниот клуб Пролет, денеска соопшти дека уште тројца ракометари на нивниот тим имаат позитивни тестови на Ковид-19.
Ракометниот клуб Пролет ја известува спортската јавност за нови случаи на Covid-19 во нашите редови. Резултатите од новото тестирање меѓу сите членови на РК Пролет покажаа три нови случаи на коронавирус меѓу ракометарите на нашиот клуб.Согласно здравствените протоколи, тројцата заболени се ставени во самоизолација, а сите останати ракометари остануваат изолирани, надвор од тренажен процес. Вкупно 12 ракометари на Пролет моментно се позитивни на Covid-19.Пролет се уште не продолжува со тренинзи, се додека не бидат создадени услови за такво нешто со стабилизација на бројот на заболени во тимот на тренерот Никола Матлиески“, се вели во соопштението на Тинекс Пролет.
Comments are closed for this post.