Tренерот Јетон Беќири на прес-конференција го кажа своето мислење пред мечот со Стеауа.Според него Стеауа е фаворит но тоа мора да го оправда на теренот.

тоа е гигант во европски рамки со голема традиција. Меѓутоа и ние треба да ја чуваме нашата традиција. Не може да се пофалиме со нешта како ФЦСБ, но ние сме Шкендија и ќе се обидеме да одговориме на ниво за овие натпревари. Ова е голем меч, секој следен меч за нас ќе биде меч за престиж. Нема да влеземе да уживаме, туку да извадиме надјдобро од нас, а дали е тоа доволно, ќе видиме.
Околу шансите да играме во групна фаза барем во Конференциска лига,
Тие секогаш се отвораат по првиот квалификациски циклус. Затоа беше мечот со ТНС важен, затоа што победата ти дава три шанси. Дали Шкендија е спремна и квалитетна од сите тие три шанси да искористи една, имаме квалитетен тим, добра атмосфера. Ќе покаже времето дали можеме. Се надевам дека Шкендија нема да разочарува ниту во овој двомеч, па зошто да не се надеваме уште во овој круг да осигураме групи во едно од натпреварувањата на УЕФА?“, изјави Беќири.
Comments are closed for this post.