Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, петкратен освојувач на Златната топка, денес ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави „Мундо Депортиво“.
Според шпанскиот спортски портал, Роналдо и претходно сакал да се сретне со 47-от американски претседател.
Португалецот не ја посетил Америка од 2017 година, кога американската државјанка Кетрин Мајорга го обвини за силување во Лас Вегас. Сепак, во 2019 година, локалните обвинители ги прогласија обвиненијата за неосновани, а во 2023 година, Роналдо беше прогласен за невин, откако судот ја отфрли и втората тужба на мајорга.
На 16 ноември, Португалија ја победи Ерменија со 9:1 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. Со оваа победа го обезбеди учеството на Мундијалот кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули.
Четириесетгодишниот Роналдо не со Ерменија поради црвен картон добиен претходниот натпревар (со Ирска). Во ноември, тој објави дека ова ќе биде неговото последно Светско првенство.
Португалецот игра за Ал-Наср, а претходно играше за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус







Comments are closed for this post.