Чалаче Тируне (Етиопија) е победникот на 15. јубилен „Визер скопски маратон”. Тој истрча со време од 2:15.37 часа, а зад него завршија Вилфред Корир од Кенија и неговиот сонародник Гатаје Гелав. Најдобропласиран Македонец беше Александар Кираџиев, кој заврши на шестото место.

Во женска конкуренција Јунис Мухири (Кенија) со време 2:33.38 часа постави рекорд на маратонот, додека на второтои третото место завршија нејзините сонароднички Јулитер Тануи и Наоми Лимамуреи.

Дарио Ивановски е победник на полумаратонот со време 1.21.31 пред Србинот Кристијан Стошиќ и Милош Ранчиќ од Македонија. Кај дамите Унгарката Зита Качер беше најбрза, 1.22.53, пред Миљана Ристиќ од Македонија, односно Емилија Тодоровска – Елиас од Шведска.

На трката на 5.000 метри во машка конкуренција на подиумот се најдоа, Леонид Вандевски, кој прв ја заврши трката пред Павле Јовановски односно, Пепи Аникијев.

Во женска конкуренција, победничка на трката беше Марија Стоќановска, на второто место заврши Ања Еклер, додека Ирма Хајдари беше трета.

На годинашниот „Визер скопски маратон” имаше рекордна бројка од 12.500 учесници, од кои поголемиот дел во трката на 5 километри