Вардар потешко од очекувањата го совлада Загреб со 32-30 во осминафиналниот меч од Лигата на шампионите и е на чекор од нов Фајнл Фор.
Вардарци целиот меч го играа некако опуштено, а причина за тоа е високата предност на првиот натпревар во Загреб. Иако нашите ракометари имаа предност речиси во целиот меч, таа не беше висока и изнесуваше два до три гола.
Стандардно ефикасни беа Дибиров, Чупиќ, Караџиќ, а добро партија пружија и повратниците Горбок и Борозан.
Вардарци противникот во четврфиналето ќе го чекаат утре од подобриот од мечот Пик Сегед и Висла Плцк каде Унгарците имаат два гола предност.
Comments are closed for this post.