Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, имал емотивен разговор со првотимците во соблекувалната по поразот со 0:7 од Ливерпул во 26. коло од Премиер лигата, пренесува „Мирор“.

 

Според британскиот медиум, Тен Хаг рекол дека играчите имале среќа да се вратат во Манчестер со тимскиот автобус, а не заедно со навивачите кои потрошиле пари и виделе таков „безрбетен“ настап на нивните миленици.

 

Воедно, тренерот ги предупредил и играчите дека доколку се повтори таков настап, нема да имаат друга шанса и ќе бидат префрлени во резервниот тим на англискиот клуб.

 

Манчестер јунајтед се наоѓа на третото место во Премиер лигата со 49 бодови од 25 натпревари.