Американскиот претседател, Доналд Трамп, го награди голферот Тајгер Вудс со највисоката граѓанска титула на почест во САД – Претседателското одличје на слободата.
Вудс минатиот месец го освои својот 15. „мејџор“ турнир во кариерата, а прв по пауза од 10 години и 10 месеци, триумфирајќи на Мастерсот во Аугуста, Џорџија.
Вашите исклучителни успеси на голф терените и Вашиот триумф над повредите, Вашата тврдоглава волја за победа… Сè тоа се квалитети коишто го отсликуваат американскиот дух… Дух што ги отфрла ограничувањата – изјави Трамп на свечаноста одржана во Белата куќа.
Тајгер Вудс е четвртиот голфер кој го примил тоа признание, по Чарли Сифорд, Арнолд Палмер и Џек Никлаус.
Comments are closed for this post.