Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ ќе игра во плејофот на Лигата на Конференции. Стружани синоќа загубија со 2:1 од Есперанж на гостувањето во Луксембург, но во Скопје победија со 3:1 и со вкупни 4:3 одат понатаму.
Струга од 15.минута играше без исклучениот Марјан Радески. Но по само две минути од исклучувањето Бесарт Ибраими постигна гол кој се покажа решавачки за вкупниот победник.
Домаќините реализираа во 70.минута преку Густаво и во 90+4 преку Акалаија.
Според ждрепката, за влез во групната фаза, Струга ТЛ ќе игра со Бреидаблик од Исланд. Но, бидејќи Градскиот стадион е затворен од УЕФА поради лошиот терен, Струга најверојатно ќе биде домаќин во Елбасан, Албанија
Comments are closed for this post.