Македонија го направи првиот чекор кон остварувањето на сонот, пласман на Светско првенство.
Славеше над Италија со 1:0 во Палермо, а сега ја чека гостувањето кај Португалија во финалето од баражот, каде во тимот се враќаат Костадинов и Елмас.
„Не можам да поверувам што успеавме да постигнеме. Ја совладавме Италија, европскиот првак, на гостински терен. Ова не се опишува. Се надевам дека и јас ќе дочекам еден ден пред да се појавам пред полн плоштад во Скопје. Имаме сили да ја совладаме Португалија, имаме енергија, не се изморени, исполнети сме. Сега прво славиме а потоа се спремаме за гостувањето во Порто.“ – изјави капитенот на Македонија, Стефан Ристовски.
Comments are closed for this post.