Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон премина во рацете на српскиот милијардер Драган Шолак, кој е сопственик на телекомуникациската компанија Јунајтед груп, на чело на инвестициската групација Спорт Републик. Тој е газда на „Спорт клуб“ и на Н1 телевизијата која е опозициски настроена.
Англиските медиуми јавија дека Спорт Република за 100 милиони фунти купил 80 отсто од акциите од кинескиот бизнисмен Гао Јишенг, кој беше сопственик на Саутемптон од август 2017 година.
Ова е трета голема инвестиција во клуб од Премиер лигата во последните три месеци, откако чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на Вест Хем во ноември, додека саудиски конзорциум ја презеде сопственоста во Њукасл во октомври.
Comments are closed for this post.