Српскиот центар, Бобан Марјановиќ, ја напушта екипата на Лос Анџелес клиперс и во иднина ќе настапува во Филаделфија севентисиксерс.

Заедно со Марјановиќ, за Филаделфија заминуваат и Тобијас Херис и Мајк Скот, додека во во Лос Анџелес доаѓаат дебитантот Лендри Шамет, Мајк Мускала, Вилсон Чендлер, изборот на Филаделфија во првата рунда на драфот во 2020 година, изборот на Мајами во првата рунда на драфтот во 2021 година и два избора во втората рунда на драфтот.


Со оваа трампа, Филаделфија формира една од најдобрите стартни петорки во лигата составена од Бен Симонс, Џеј Џеј Редик, Џими Батлер, Тобијас Херис и Џоел Ембид, додека Лос Анџелс клиперс го подмладуваат тимот и ослободуваат простор во селари капот за да можат да потпипат договор со неоја голема ѕвезда летово.