Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по победата на „црвено-црните“ со 27:30 против Рајн Некар во Лигата на шампионите, изрази задоволство од прикажаната игра на ракометарите,закои кажа дека го натерале противникот да греши.

Среќен што успеавме да победиме. Никогаш не знаете како ќе изгледате во првиот меч по долга пауза. Затоа ни требаше оваа победа. Одигравме квалитетно. Почнавме добро од првиот напад и едноставно го принудивме тимот на Рајн Некар да прави грешки. Тоа ни даде резултат и ни ја донесе оваа важна победа, прокоментира Парондо по мечот.

Вардар ја оствари седмата победа сезонава и се зацврсти на второто место на табелата во групата „А“, кое носи послаб противник во елиминациската фаза.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар го игра на 16-ти февруари против Веспрем во СЦ „Јане Сандански“