Сергеј Самсоненко, кој сега е сопственик и спонзор на Вардар пред десетина години сакал да инвестира во српскиот спорт. Како што пишува „Телеграф.рс“, Русинот бил заинтересиран да вложи во Србија.
Негова база требало да биде Ниш и бил воодушевен од навивачите кои го сакаат ракометот. Имал намера да вложи и машкиот тим на Партизан и во женска екипа на Врњачка бања.
Но, од необјасниви причини тој не нашол на разбирање со локалните власти и до договор не дошло. Разочаран, Русинот решил својот капитал да го усмери на југ, т.е во Македонија, дознава „Телеграф“.
Comments are closed for this post.