Прославениот поранешен кошаркар Зоран Сретеновиќ почина денеска во Белград на 57-годишна возраст.
Според медиумите од Србија, ненадејно починал еден од најдобрите плејмејкери во текот на 80-тите години на минатиот век. Кариерата ја започна во ОКК Београд, од каде се пресели во Црвена звезда. Во 1986 година се пресели од Мал Калемегдан во Југопластика во Сплит, каде што освои три европски шампионски титули, а четири пати го освои шампионатот на СФРЈ. Од Сплит во 1991 година, тој се пресели во Бабмерг, Германија, со кој го освои германскиот национален куп, а потоа отпатува за Антиб, Франција, со која беше француски вицешампион. Потоа одигра една сезона за Партизан каде го освои Купот на СР Југославија, а потоа дојде во Подгорица. Беше дел и од белградски Раднички, а кариерата ја заврши во полски Стал Остров.
Со репрезентацијата на СФРЈ Сретеновиќ освои злато на Европското првенство во Рим, а истиот успех го повтори и во 1995 година во Атина со репрезентацијата на СР Југославија.
Тренерската кариера ја започна во подгорички Будуќност, а потоа ги предводеше Хемофарм, Игокеа, Војводина и полските клубови Гдањск, Кошалин и Стал.
Comments are closed for this post.