Атрактивната навивачка Ивана Кнол привлекуваше огромно внимание кога и да се појави на некој од стадионите во Катар.
Популарната „Кнол Дол“ морала сама да купува билети за натпреварите на репрезентацијата за која навива а платила дури 5.000 долари.
– За жал, немав никаква соработка со Хрватскиот фудбалски сојуз, иако ја промовирав мојата земја. Да истакнам, Српскиот фудбалски сојуз ми даде карти за сите нивни натпревари, па отидов и ги гледав сите тие натпревари. Истото го направија и американскиот и англискиот фудбалски сојуз – изјави Ивана Кнол.
– Само ХНС – ништо, но не е важно, досега се правев самостојно, па така ќе продолжам.
Comments are closed for this post.